[Инфографик] Нова листа на најдобрите универзитети за 2014 година

ДипломаЦентарот за рангирање на светските универзитети ја објави својата листа за 2014 година на која нема универзитет од Македонија. Од регионот, пак според ова рангирање  водат универзитетите во Љубљана и Загреб, а многу под нив на листата се најдоа и универзитетите во Белград и Софија.

Така, Универзитетот во Љубљана се најде на 525 место, Универзитетот во Загреб на 564 место, Белградскиот универзитет го зазема 809 место, а Софискиот е 826-ти.

На оваа листа доминираат американските универзитети, односно во првите 20, дури 15 се универзитети од САД. Центарот за рангирање на светските универзитети прв ја објави годинешната листа, а веќе во август се чека рангирањето на универзитетите за 2014 година според позната Шангајската листа.

Блиц направи инфографик од последното рангирање, ставајќи акцент на балканските универзитети. Целата листа може да се погледне на страницата на Центарот за рангирање на светските универзитети.

блиц