[Инфографик] Колку жени има на менаџерски позиции во државите од ЕУ?

Повеќе од 6,7 милиони луѓе се наоѓаат на менаџерска позиција во некоја од 27-те членки на Европската Унија, од нив 67% ги извршуваат мажи, а само 37% жени, покажува новиот статистички извештај на Еуростат.

Дополнително, четвртина од позициите во извршните одбори во акционерските друштва се пополнети со жени, а само една од пет највисоки менаџерски позиции ги извршува жена.

Само во Латвија повеќе жени од мажи се наоѓаат на менаџерски позиции. Блиску до еднаква застапеност се и Бугарија и Полска. Најголема полова разлика на менаџерските позиции постои во Кипар и Луксембург каде на 80% од менаџерските позиции се наоѓаат мажи.

Во поглед на учество во извршните одбори, најблиску до рамноправна застапеност е Франција, каде жените се застапени со 45%. Најмалку жени во извршните одбори на акционерските друштва ги има во Естонија и Кипар, каде само 9% од членовите на одборите се жени.

Романија е држава од ЕУ со најголем процент на жени на највисоките менаџерски позиции во големите акционерски друштва – дури 34. На другата крајност се наоѓаат Луксембург и Австрија, каде само 6, односно 8 проценти од највисоките менаџерски позиции ги заземаат жени.