[Инфографик] Клучни аргументи во собраниската дискусија за измените на Законот за високо образование

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ објави инфографик со клучните аргументи кои биле кажани во собраниската дискусија за измените на Законот за високо образование (ЗВО).

Инфографикот ги разгледува аргументите на опозицијата и мнозинството за целта на измените на ЗВО, рангирањето на универзитетите и нивната автономија, воведувањето на државниот испит, списанија со импакт фактор, правото странски државјани да бидат декани.

Институтот неодамна објави и извештај кој покажа дека во текот на собраниската постапка за измена на Законот за високо образование не се одржала јавна дискусија.

Според извештајот, ниту еден од говорниците не ја променил почетната позиција со која настапил во расправата. Пратениците најчесто се задржувале на образложување на сопствените и партиските позиции, а поретко на лично квалитативно толкување и анализа на аргументите изнесени од другите пратеници. Во поголем дел од дискусиите се идентификувани два и повеќе аргументи и не е забележана дискусија во која немало никакво образложение.

На следниот линк можете да ја најдете целосната анализа на собраниската дискусија.