[Инфографик] Изнајмувањето велосипеди го освојува светот

Жителите на сè поголем број големи светски градови во последните години имаат можност да користат велосипеди кои се дел од јавни програми за изнајмување. Покрај заштедата во време и пари, ваквиот вид на урбан транспорт нуди и очигледни придобивки во заштитата на животната средина.

Во некои од градовите во кои тоа е воведено, велосипед може да се изнајми и за цела година, а цените во овој случај се неверојатно пристапни – во Остин, во американската држава Тексас, тоа ги чини граѓаните само 80 долари годишно, во споредба со надоместот за еден ден, кој изнесува осум долари.

Овој инфографик го претставува растот на популарноста на програмите за изнајмување велосипеди во Соединетите американски држави.

[Инфографик] Изнајмувањето велосипеди го освојува светот