Најосновната, често прифатена поделба на личностите денеска е онаа на интровертни и екстровертни луѓе. Иако не може да се каже дека ова е поделба „црно – бело“, може со сигурност да се каже дека едните луѓе се отворени, насочени кон комуникација со другите луѓе и изразување на себеси, додека другите се резервирани и преферираат да останат во своите мисли.
Овој инфографик ги претставува разликите меѓу двата типа луѓе и дава насоки како правилно и со почит да се однесуваме кон интровертните и кон екстровертните типови на личности.