[Инфографик] ЦРПМ: Последиците на Ковид-19 врз родовата распределба на пазарот на труд

Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ) објави инфографик кој сликовито ги претставува последиците од Ковид-19 врз учеството на мажите и жените на македонскиот пазар на труд.

Од ЦРПМ соопштуваат дека во месец март не се забележани масовни отпуштања. Бројките на нови невработени изнесува 1.916, од кои 46.82% се мажи, а 53.18% се жени.

„Бројот на невработени во Агенцијата за вработување (АВРМ) е во пораст, уште од јануари. На крајот од месец март се евидентирани вкупно 107.732 невработени, или 5.984 повеќе споредено со состојбата од 31 декември 2019 година. Ова е историско највисоко ниво во последните 36 месеци“, соопштуваат од ЦРПМ.

Од таму потенцираат дека овој март биле засновани само 1.474 нови договори за работен однос, што е пад од 47% во однос на минатиот месец и најниска бројка од декември 2004.

„Заклучно со месец март, 28421 повеќе жени се регистрирани во евиденцијата на АВРМ, наспроти 1351 помалку мажи, што е раст од 1.490 во однос на состојбата од март 2019 година“, се вели во инфографикот на ЦРПМ.