[Инфографик] Антикорупциска под лупа: Недоволен број на административен капацитет

„Антикорупциска под лупа“ објави инфографик од анализата на административните капацитети на Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК).

Според анализата, главен предизвик за ефикасно работење и стратешко планирање е недоволен број на административен капацитет со кој располага ДКСК.

Инфографикот е во рамки на проектот за следење на работата на ДКСК, спроведуван од Транспарентност Македонија во партнерство со Институт за човекови права, со поддршка од Британската амбасада.