Следејќи ја актуелнaта дебата во Македонија околу легализација на марихуаната за медицинска употреба, агенцијата за истражување на пазар и јавно мислење М-Проспект, во рамки на сопствените анализи за ставови на јавноста по актуелни прашања, спрoведе истражување по пат на теренска анкета на јавното мислење во Р.Македонија.Македонските граѓани беа прашани:
1. Дали мислите дека употребата на медицинска марихуана треба да биде
легална, или не?
2. Дали мислите дека употребата на марихуана треба да биде легална, или не?
Според резултатите легализацијата на медицинската марихуана ја одобруваат 70% од испитаниците, додека 28% се против. Од друга страна, за општа легализација на марихуаната се 34%, додека против се 63% од македонските граѓани.
М-Проспект ја спроведе оваа анкета во период од 15 јуни до 15 јули 2015година. Податоците за демографската структура на испитаниците и нивните одговори можете да ги погледнете во инфографикот во продолжение.