Во насока на правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување, од јануари до декември 2019 година биле изготвени 22 барања за вонреден инспекциски надзор и беа дадени 1.073 правни советувања. Односно, во изминатава година преку 1.000 текстилни работници/чки од 60 конфекции пријавиле прекршување на нивните работнички права.
Ова се дел од податоците содржани во Инфографикот за состојбата со работничките права на текстилните работнички и работници на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Информаторот е изготвен во рамки на проектот „Правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување”, финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.