Инфлуенсерите ја губат влијателноста на Инстаграм

Стапката на ангажираност (engagement) на инфлуенсерите на Инстаграм е на досега најниско ниво, откако апликацијата во сопственост на Фејсбук стана пренатрупана со спонзорини објави, покажа студија на компанијата за аналитика „InfluencerDB“, објавена на „Mobile Marketer“.

Стапката на ангажираност за спонзорирани постови падна на 2.4% во првиот квартал од 2019 година, споредено со 4% пред три години, додека неспонзорираните објави се намалија од 4.5% до 1.9% во истиот период.

Инфлуенсерите со најмалку 10.000 следбеници се на околу 3.6%, стапката на оние со 5.000 – 10.000 следбеници е 6.3%, додека ангажираноста е највисока (8.8%) кај инфлуенсерите со 1.000 и 5.000 следбеници.

InfluencerDB, исто така, забележа опаѓање на инфлуенсерите во сферата на убавината, модата, храната, спорт, фитнесот…