Индонезиски геј пар уапсен поради фотографија објавена на Фејсбук

Двајца мажи хомосексуалци од Индија биле уапсени, и се соочуваат со казна затвор, откако фотографија од нив двајцата како се бакнуваат во кревет била објавена на Фејсбук.

Дваесет и двегодишниот студент и неговото момче кое има 24 години, биле уапсени изминатиот вторник на островот Сулавеси, откако други Фејсбук корисници се пожалиле на полицијата за фотографијата.

Полицијата во градот Манадо вели дека парот може да биде осуден под законот на државата против опсценост и порнографија.

Портпаролот на полицијата изјавил дека парот признал дека тие се мажите на сликата и дека ја објавиле онлајн „како доказ за нивната љубов“.

Иако хомосексуалноста не е илегална во Индонезија, има сѐ поголем притисок врз геј луѓето во државата, која има најголема муслиманска популација во светот.

Двајцата мажи, чиј идентитет не е објавен, се пуштени на слобода со кауција, но можно е да им биде дадена казна затвор доколку бидат осудени.

Локалните медиуми пишуваат дека фотографијата била објавена на 9 октомври, но била отстранета од Фејсбук после барање од Министерството за комуникации, информирање и технологија на Индонезија. Од Фејсбук нема коментар за настанот.