Индискиот еколошки суд го казни Њу Делхи со 3,5 милиони долари поради загадениот воздух

Индискиот Трибунал за екологија со 3,5 милиони долари ги казни градските власти на Њу Делхи поради тоа што не успеале да ги исполнат обврските за намалување на загадувањето на воздухот.

Главниот град на Индија спаѓа меѓу најзагадените градови во светот, а казната која ја добија од Трибуналот била поради тоа што градската администрација не вршела контрола на индустриските погони, по информации дека тие и понатаму палеле штетен отпад на отворено.

Трибуналот, кој ги презема правните случаи околу прашањата поврзани со животна средина на национално ниво, одлучиле по преставка на жители на Њу Делхи, кои се жалеле дека фабриките и понатаму ги кршат правилата за горење на отпадот.

Секоја година, Њу Делхи се гуши во штетен смог, составен од токсични честички кои ги преминуваат безбедните нивоа и за 30 пати. Според проценките околу 1,1 милиони Индијци умираат предвремено поради аерозагадувањето.