Индиски силувач бара помилување од смртна казна: „Загадувањето и онака ќе ме убие“

Еден од четворицата мажи осудени за бруталното групно силување и убиство на жена во 2012, поднесе жалба до Индискиот Врховен су со која бара истиот да ја преиспита одлуката за неговата смртна казна, бидејќи неговиот живот е „краток“ поради загадувањето.

Акшај Синг Такур треба да биде обесен заедно со тројца други мажи поради групното силување и претепување на 23-годишната Јиоти Синг, која им подлегна на повредите две недели по нападот. Првично беа уапсени шест мажи, но едниот беше ослободен од затвор затоа што бил малолетен во моментот кога е сторено кривичното дело, додека уште еден се самоубил во затворот, соопшти полицијата.

Според „Индија Денес“ во молбата за ревизија на делото пишува дека квалитетот на воздухот и водата во Делхи е сличен на „комора за гас“ и „полн со отров“.
„Животот е премногу краток, која е целта на смртната казна?“ – прашува осуденикот.
Затворот во кој што го држат Такур се наоѓа во Мајапурим, индустриска област во Западен Делхи со голем број фабрики кои придонесуваат за високото ниво на загадување.
Њу Делхи претходно беше рангиран како најзагаден град во светот. Во ноември, нивото на смог во градот беше 20 пати повеќе од тоа што Светската здравствена организација го смета за „безбедно“.

Против жалбата на Такур се родителите на Синг и полицијата во Делхи, кои велат дека веднаш треба да се донесе одлука за смртна казна.
Преостанатите осуденици на смртна казна исто така поднесоа ревизорски петиции, но Врховниот суд на Индија ги одбил сите. Правниот експерт Сатиш Маненинде за „CNN“ изјавил дека мала е веројатноста молбата на Такур да биде успешна.

Мајката на Синг, Аша Деви, за „Индепендент“ изјавила дека чекањето за правдата на нејзината ќерка е тортура.
„Не можам да искажам колку е болно, колку се боревме во овие седум години, колкава беше мојата ментална тортура. Чекаме со надеж дека ќе бидат обесени, но после сето она што се случи, тие се уште не се казнети“ – изјавила таа.

Синг, кој е позната и како Нирбаја (бестрашна на хинди) била силувана повеќе пати од страна мажите кои ја грабнале заедно со нејзината другарка, додека двете се враќале дома со приватен автобус.

Бандата најпрвин ја истепала другарката на Синг до онесвестување, а потоа возејќи го овтобусот еден час низ градот, наизменично ја силувале Синг.
Случајот на Синг покрена разговори за распространетоста на насилството врз жените во Индија и предизвика протести низ целата земја.

Извор: Independent