Индиски полицајци со танц ја подигнуваат свеста за миењето раце

Додека трае светската пандемија, индиски полицајци на креативен начин се обидуваат да ја подигнат свеста за јавната хигиена. Полицајците танцуваат со маски на лицата и покажуваат како да се мијат рацете, со цел граѓаните да се заштитат од коронавирусот.

Ова се случува додека властите во Индија упатија жестоки апели за социјално дистанцирање и добра хигиена на рацете. Индија, исто така, беше една од првите земји што ги затвори границите и одбиваше влез, освен за селектирани странци.

Но, како што пренесуваат светските медиуми, Индија за време на пандемијата се соочува со пристап до чиста вода. Околу 160 милиони Индијци, што е повеќе од населението на Русија, немаат пристап до чиста вода.

„Може да биде катастрофално за луѓето“, рече Самрат Басак, директорот на програмата за води на Светскиот институт за ресурси во Индија.

УНИЦЕФ минатата недела соопшти дека скоро 20% од урбаните Индијци немаат објекти каде се обезбедени сапун и вода.