Индија: трансродно лице за првпат именувано за директор на училиште

Трансродно лице за првпат е именувано за директор на училиште во Индија, пренесува агенцијата Мета.

Манабо Банерџи ќе раководи со Женскиот колеџ во Крипнагар, во источната индиска држава Западен Бенгал.

Според наводите на локалните власти, Банерџи ќе ја преземе должноста на 9 јуни. Индиските трансродни активисти ја поздравија одлуката, наведувајќи дека тоа е ден на гордоста на нивната заедница, која вообичаено се соочува со дискриминација. Врховниот суд на Индија минатата година ги прогласи трансродните лица и официјално за трет пол и им додели малцински права и право на оразование, вработување и на здравствено осигурување.