Индија ја лансираше својата прва мисија на Сонцето

Индија ја лансираше својата прва мисија до Сонцето, само неколку дена по историската мисија за слетување на јужниот пол на Месечината.

Сателитот Адитија-Л1 именувана по индискиот бог на сонцето „Сурија“, тргна денес на пладне, во 11:50 по локално време во Индија. Тој треба да пристигне на позиција на 1,5 милиони километри од Земјата.

Индиската вселенска агенција соопшти дека се потребни четири месеци за истражувачкиот сателит да ја достигне таа точка и тогаш ќе може да започне да орбитира околу Сонцето со иста брзина како и Земјата. Ова исто така значи дека на сателитот ќе му биде потребно многу малку гориво за да работи.

Сателитот е составен од седум научни инструменти што ќе ја набљудуваат и проучуваат сончевата корона (најоддалечениот слој), фотосферата (сончевата обвивка што ја гледаме од Земјата) и хромосферата (тенката плазма што се наоѓа меѓу фотосферата и короната).

Истражувањата, како што велат од Индиската вселенска агенција ќе им помогнат на научниците да ја разберат сончевата активност, како што се сончевиот ветер и сончевите блесоци и нивниот ефект врз Земјата и времето во близина на вселената во реално време.

Инаку, Индија има повеќе од 50 сателити во вселената кои тие обезбедуваат клучни услуги за земјата, вклучувајќи и комуникациски врски, податоци за времето, а помагаат и да се предвиди наезда од штетници, суши и претстојни катастрофи.

[Видео] Индија стана првата држава која слета на јужниот пол од Месечината