Инди рок групата The Government го објави својот прв албум

Македонската инди рок групата The Government го најави излегувањето на својот прв албум. Истовремено, бендот го промовираше и нивниот најнов спот за песната „Црна Земја“, која е дел и од филмот Обожение.

Албумот „Разбуди ме“ содржи осум авторски композиции, текстови со социјална нота, инспирирани од секојдневните прашања и проблеми, како и од тоа „ како живееме или живуркаме во она што го нарекуваме демократија“. Албумот содржи искрени и јасни пораки, на моменти симболични, саркастични, брутално искрени кои треба до допрат до масата истомисленици.

Албумот е сниман е во студиото на Младинскиот Културен центар – Битола, а за техничката поддршка заслужен е Димитар Жиров – Жирка. Миксот и мастерингот се на фронтменот Горан Јаневски, додека зад визуелниот идентитет на албумот стои Златко Никодиновски.