“In a Heartbeat” – студентски краткометражен филм ги опишува проблемите на геј тинејџерите

“In a Heartbeat” е нов анимиран краткометражен филм, снимен од студенти на Ринглинг Колеџот на уметност и дизајн, од студентите Бет Дејвид и Естебан Браво, како нивна завршна теза за предметот анимација.

Сега, анимираниот филм е многу повеќе од студентски проект, бидејќи откако е објавен на интернет стана хит.

Филмот аскажува за младо момче кое има проблеми да ги прифати своите чувства кон соученик – тема која порано не ја разгледувал анимиран филм. За само четири минути, ги опфаќа чувствата на голем број ЛГБТ млади лица, покажувајќи дека чувствата не се нешто од што треба да се плашат.

Студентите од Флорида успешно собрале пет пати повеќе од средствата кои им се потребни за да го продуцираат филмот преку Кикстартер.

Филмот е гледан повеќе од пет милиони пати на Јутјуб, а корисниците на платформата во коментари бараат продолжение.