„Импровокација“ вечер во „Јавна соба“

Во „Јавна соба“ вечер од 21 часот се одржува „Импровокација“ – спонтана, забавна и смешна театарска импровизација.

„Импровокација“ е проект на професионалните актери, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Филип Кипровски, Никола Јосифоски на пијано и Филип Ангеличин Жура како организатор (совест на шоуто).

Според дечките од„Импровокација“, се работи е фузија од Канадските техники за „театарски спорт“ (Theatre sport) и Американските техники за театарска импровизација. Таа припаѓа во таканаречената „кратка форма“ (short form) на театарска импровизација во која што се играат не помалку од 12 различни „игри“ за 70тина минути и тоа ја прави да е динамична и забавна.

„Дијалогот, мизансценот, каратерите и приказната, во нивната најчиста форма, се создаваат заеднички во мигот, пред очите на публиката без никакви предходни подготовки. Точно заради тоа секоја изведба на „Импровокација“ е премиерна и никогаш не може да се повтори уште еднаш. Ваквата форма на театар е комична и спонтана. Рамката на импровизацијата ја даваат актерските задачи (т.н. игри) кои што ги одредуваат правилата на кои актерите се придржуваат додека ја импровизираат сцената. Публиката директно е инволвирана во процесот на создавањето на сцените со нивните предлози од место или во одредени случаи се јавуваат и како актери на сцената. Во зависност од енергијата на публиката и предлозите кои што таа ги дава , таков тематски правец добива и самата изведба“, се вели во најавата за „Импровокација“.