„Имагинативни деконструкции“, изложба на Дороти Пачкова

„Имагинативни деконструкции“ е новата изложба на Дороти Пачкова која ќе биде отворена утре (30 август) во Кинотеката на Република Македонија.

Деконструктивната индивидуалност во денешниот, постмодерен, општествен концепт е неопходна за градењето на душевните состојби на авторот поединец.

„Отварајќи ги делата, ги разгледуваме условите на нивното создавање, вклучувајќи ги не само културолошкиот дискурс, но и конвенциите и нијансите на манирот во кој се творени и посебностите од севкупниот живот на нивниот автор.  Оттаму произлегува ефикасно, бесконечната комплексност на сликите, што ги прави сите деконструктивистички читања парцијални и прелиминарни. Некои форми на уметничките дела се чини дека се посветени на личниот прогрес на авторот, но и на уживањето при восприемањето на истите од гледачот“, се вели во најавата за изложбата.

Авторката притоа порачува сите посетители да го остават имагитивниот отпор пред вратите на галеријата, за „заедно да се осознаеме себе си“.

Отворањето на изложбата е најавено во 20:00 часот.