Илон Маск се повлече од Одборот на директори на „Тесла“ и доби казна од 20 милиони долари

Американскиот претприемач Илон Маск се повлече од функцијата претседател на Одборот на директори на компанијата „Тесла“, откако постигна договор со Комисијата за хартии од вредност и берзи во САД.

Причината е тужбата што регулаторот на САД ја поднесе за измама на инвеститорите поради објава на Маск во Твитер.

Во пораките, претприемачот коментира дека размислувал за вадење на компанијата од берзата при цена на акциите од 420 долари и дека финансирањето за оваа операција е осигурано.

Сепак, тој останува извршен директор на „Тесла“.

Маск ќе мора да плати и казна од 20 милиони долари според договорот, толкава сума оддеќно ќе треба да плати и компанијата.

Деновиве ќе се знае кој ќе биде нов претседател на одборот на директори.