Илон Маск објави своја техно трака „Don’t drop your vibe“

Илон Маск, познатиот директор на мултимилијардерските компании „Тесла“ и „СпејсХ“ започна повторно да објавува музика, овојпат експериментирајќи со тотално нов музички жанр.

 

За разлика од неговиот рап експеримент  „RIP Harambe“, новата песна е старошколска техно трака која е достапна на „Саундклауд“ под хаштагот „#Аниме“.

Маск тврдeл дека тој самиот го напишал текстот на песната, кој се состои од повторување на стихот „Don’t drop your vibe“ (Не го губи твојот „вајб“) и дека тој самиот е вокал. Не е баш лошо.

За да ги замолчи „хејтерите“, Маск објави и неколку фотографии од студиото на неговиот твитер профил. На сликите се гледа како тој стиска копчиња, однесувајќи се како диџеј и тотално е влезен во улогата. Како што може да забележите Елон го има променето своето име во „Е “D” M“, кованица од неговите иницијали и музичкиот жанр „EDM“ – (електронска „денс“ музика).

На „Саундклауд“ е прикачена целата дискографија на Маск, која засега се состои од двете горенавадени песни. Но нашиот „вајб“ вели дека јавноста може да очекува уште песни од овој изведувач.

Извор: Mashable