Илјадници студенти на протести во Чиле

Илјадници студенти на протести во ЧилеНеколку лица беа повредени а повеќемина беа уапсени откако полицијата насилно влезе во Универзитетот во Чиле и се судри со студентите, кои ја окупираа зградата на универзитетот.

Организаторите тврдат дека во четвртокот, 110.000 луѓе излегле на студентскиот протест, со кој се бараат реформи во образованието во Сантијаго, пренесува Сантиаго тајмс.

И покрај насилството кое следеше по маршот, протестот сам по себе, воден од чадорот организација наречена „Конфедерација на студентите на Чиле“, беше мирен и од страна на студентските лидери беше прогласен за успешен, пренесуваат медиумите.

Во областа на Сантиаго околу 40 луѓе беа уапсени, вклучувајќи и набљудувачи како и повеќе малолетници. Од полицијата соопштија дека 15 полицајци се повредени во судирите со демонстрантите, кои вклучувале и молотови коктели, камења и шипки. Бројката на уапсени низ земјата достигна до 227 лица.

По оддржувањето на маршот, униформираната полиција на Чиле влезе во зградата на централниот кампус на универзитетот во Чиле, која заедно со 25 други универзитетски згради, веќе подолго време е окупирана од студентите кои протестираат за подобро образование.

Студентската Федерација преку Твитер објави дека и покрај полициската акција која вклучувала и солзавец, студентите се уште ја имаат зградата под своја контрола.