Илјадници тркачки кучиња се убиваат секоја година во Австралија

Нова вознемирувачка статистика покажува дека повеќе од 17000 се верува дека се убиени секоја година во австралиската индустрија на трки на кучиња, само затоа што не се доволно во форма за да се тркаат.

Бројката била откриена во „строго доверливиот документ“ објавен после истрага на индустријата во државата Нов Јужен Велс во понеделникот.

Статистиката е интерен податок на Greyhound Australasia, едно од водечките тела кои ги контролираат трките. „Индустријата е одговорна за непотребната смрт на околу 13000 до 17000 тркачки кучиња годишно“, пишува во извештајот.

„Ужасно е, и не зборуваме за животни кои биле заспиени бидејќи се повредени или болни“, вели Stephen Rushton, еден од советниците кои асистирале во истрагата. „И самите признаваат дека станува збор за здрави животни, кои не било потребно да се убијат“.

Тоа значи дека помеѓу 74 до 96 посто од младите, здрави хртови одгледувани за тркање во Австралија умираат секоја година, додава Rushton. Само четири од 100 хртови родени со цел да се тркаат живеат повеќе од 42 месеци.

Откритието е последно во серијата скандали во индустријата, откако Four Corners во февруари открија дека тренерите низ државата користеле живи животни како мамка за време на тренинг сесиите.

Користењето на живи мамки има за цел да ги направат наредните генерации поспособни за тркање.

„Ни рекоа дека изборот е тој: или зајачињата, или кучињата. Сведокот кој соработуваше со нас ни откри дека ако не се користат живи животни, тогаш младите хртови нема да научат да ги ловат, а ако не ги ловат, самите се убиени“.

При тренинзите со жива мамка, животните се врзани за метална шипка која се движи со голема брзина околу лентата, а кучињата ги бркаат сé додека победникот не ја убие мамката. Оваа пракса е илегална во сите австралиски држави.

Индустријата на трки со кучиња во федерацијата сега е обвинета дека го прикрива систематското насилство врз кучињата и другите животни кои ги користат како мамки. Внатрешни пријави од самите компании покажуваат дека оваа пракса им е добро позната на регулаторите, но досега не било превземено ништо против тоа.

Извор: Mashable