Илјадници на протести во Мароко побараа ослободување на активисти

Повеќе илјади луѓе демонстрираа на улиците на главниот град на Мароко, Рабат, со барање да се ослободат 42-та активисти осудени на затвор поради протести против корупцијата и невработеноста.

Собирот, наречен „марш на граѓаните на Мароко“ беше организиран од политички и граѓански организации, како и од семејствата на затворените. Демонстрациите се случуваат неколку недели откако судот ги потврди затворските казни за активистите за нивните протести во 2016 и 2017 година, осудени дека ја загрозиле безбедноста во земјата.

Демонстрантите, исто така, повикаа и на ослободување на новинарот Хамид Ел Махдауи, кој отслужува тригодишна затворска казна за неговото известување од протестите, кои во периодот пред три години се одржуваа во регионот Риф во Мароко.