Илјадници на протест во Полска против судските реформи

Илјадници антивладини демонстранти вчера излегоа на улиците низ цела Полска за да протестираат против низа судски реформи што ЕУ ги нарече „закана за судската независност и владеењето на правото“.

Демонстрациите се последниот чекор во жестоката битка против големите судски промени воведени од страна на владата.

Овие измени ја натераа ЕУ да поттикне досега невидени постапки против Полска поради „системски закани” на владеењето на правото, што би можело да ги укине нејзините права за гласање во ЕУ.

Извикувајќи „Срам!”, „Слободни судови!” и „Ние ќе ја браниме демократијата!”, неколку илјади демонстранти се собраа пред претседателската палата во Варшава само неколку часа откако претседателот Анджеј Дуда го потпиша законот со контроверзна мерка што ѝ овозможува на владата да го избере следниот претседател на Врховниот суд.

Адвокатот од Варшава, Божена Ројк (68), вели дека се вратила да протестира на истата улица каде што се придружила во борбата против корупцијата на Комунистичката партија во 1981 година.

„Се борев за демократија, за да има слободни судови, за да живееме во слободна земја со владеење на правото”, изјави таа.

„Денес сè се распаѓа пред нашите очи”, додаде Ројк.

Новиот закон потпишан вчера од Дуда е дел од низата правни реформи со цел замена на судиите од Уставниот трибунал, па до Врховниот суд.

Отфрлајќи ја загриженоста за демократските стандарди, владата инсистира на тоа дека реформите се однесуваат на корупцијата и реформирање на судскиот систем, кој сé уште го прогонува полската комунистичка ера.

Околу една третина од 73-те судии на Врховниот суд биле принудени порано да се пензионираат под законот на владата.

ЕУ, исто така, ги доведува во прашање реформите на Врховниот суд како поткопување на судската независност, со што се кршат обврските на Полска според законот на ЕУ.

Варшава до почетокот на август треба да одговори на официјалното соопштение на комисијата, прва фаза од постапката што би можела да заврши во Европскиот суд на правдата, главниот трибунал на блокот, каде што законот би можел да биде укинат.