Илјадници мајки маршираа во Лондон барајќи итни мерки за справување со климатските промени

Семејства со деца во колички маршираа во Лондон со натписите „Немаме планета Б“ и „Гласајте за мајката природа“.

Илјадници мајки со своите фамилии вчера маршираа барајќи итна акција во борбата со климатските промени и драстично намалување на емисиите на јаглероден диоксид.

Протестот на мајките беше организиран од страна на единаесетгодишници со цел да се претстави 11 годишната рамка за дејствување врз климатските промени, утврдена од водечките климатски научници претходната година.

Претставник на групата вели дека на маршот насловен како „Меѓународен ден на мајката во поддршка на младинските климатски протести“ учествувале околу 2.500 луѓе. Помеѓу учесниците на протестот, можеше да се забележат и познати водители и активисти за животна средина.

Марија Хал е една од учесничките на протестот. Вели дека е загрижена што на нејзините ќерки на возраст од две и четири години, нема да им остане планета на која можат да растат. Слично размислува и Илана Адамсон, која пак, е консултант за одржливост.

„Имам ќерка од 13 години и не можам да се носам со помислата дека немам ништо направено за да ја променам траекторијата на ова. Преплашена сум што растечката климатска криза може да значи за нашите деца.“

Останатите родители го истакнаа ограниченото време за ублажување на најлошите ефекти од климатските промени.

Беки Барчел, мајка на две деца од Дорсет, вели дека плановите за иднината на нејзиното семејство драстично се промениле како одговор на климатската криза.

„Се преселивме во село и мојата работа е моментално фокусирана на тоа како уметноста може да помогне во справување со климатските промени.“

Грета Тунберг, шведската тинејџерка која беше инспирација за учениците од целиот свет, го посети Лондон претходниот месец и ја осуди владината поддршка за фосилните горива и проширувањето на аеродромот.