Илјадници гости на роденденот на Мексиканката чии родители по грешка јавно објавија покана за настанот

Илјадници луѓе присуствувале на роденденската забава на Руби Ибара Гарсија во Мексико, откако видео поканата на нејзините родители до „сите“ стана популарна на социјалните медиуми.

Членовите на семејството морале да преместат „цела армија“ на репортери, за Руби да може да присуствува на миса во црква во областа Ла Хоја, во централно Мексико.

Го славела својот 15-ти роденден – традиционално значаен роденден во Мексико познат како „кинсеањера“.

Околу 1,2 милиони луѓе претходно рекле дека ќе присуствуваат на забавата.

hvuuvbl

Сепак, таткото на девојката подоцна рече дека идејата била да ги поканат само пријателите и соседите, но нагласи и дека нема да избрка ако некој дојде.

Во понеделникот, десетици шатори и маси полни со храна биле подготвени за оние кои успеале да дојдат на роденденот.

Ги пречекала Руби, која била смирена и покрај огромната гужва.

Во видеото објавено онлајн на почетокот на месецов, таткото на девојката вели дека „сите се добредојдени“ на забавата на која настапувале три локални бенда, имало оброк за сите и коњска трка.

„Здраво, како си? Те покануваме на 26 декември, на 15-тиот роденден на нашата ќерка, Руби Ибара Гарсија“, вели Кресенсио Ибара во видеото.

Единствената грешка која ја направил Ибара, е што ненамерно го објавил видеото јавно, наместо само за одредената група луѓе која требало да биде поканета.

_92866212_3646c76b-f682-429e-b2c5-845aa6e1551f

Не е јасно зошто ова конкретно видео стана толку популарно и беше споделено повеќе од 800 илјади пати, а предизвика и огромен број „мемиња“ и имитации, пишува ВВС.

Ибара во телевизиско интервју подоцна рекол дека нема поим што „го фатило окото“ на јавноста и нејзината имагинација.

„Само сакавме да поканиме луѓе од околината, тоа е се“.