„Икабог“: Џ. К. Роулинг денес ќе објави бесплатна онлајн книга за деца

Џ. К. Роулинг, авторката на познатиот серијал „Хери Потер“, најави дека ќе објави нова онлајн книга за деца „Икабог“ бесплатно.

Таа истакнала дека сака да им помогне на децата, така што ќе им биде забавно за време на пандемијата. Две поглавја ќе бидат објавени секој работен ден, започнувајќи од денес и траејќи до 10 јули.

Роулинг им соопшти на фановите дека тие нема да мораат да се регистрираат за да пристапат до новата нејзина приказна. „Икабог“ ќе биде достапна на нов вебсајт кој ќе се објави денес.

„„Икабог“ е приказна за вистината и злоупотребата на моќта. Идеата за оваа приказна е пред повеќе од една деценија, па затоа не треба да биде „прочитана“ како одговор на сево ова што се случува моментално во светот. Сепак, тематиката е безвременска и може да се случи во секоја ера и секоја земја“, напиша Роулинг во своето блог соопштение до читателите.

Преку нишка на „Твитер“, авторката ја објасни целата историја на необјавената приказна, нагласувајќи дека првите две поглавја од книгата ќе бидат објавени за само неколку часа, достапни на весајтот кој ќе биде достапен непосредно со објавувањето.

Извор: Independent