Sword of the Sea е игра без насилство базирана на истражување направена од девелоперите Giant Squid Studios и како што велат уметникот позади игрите Journey и Abzu и веројатно се мисли на арт директорот за двете игри Мат Нава иако не е спомнат со име и презиме во трејлерите, пренесува агенцијата Мета.
Додека Journey беше истражување во пустина со уникатен арт стил, а Abzu беше игра со гњурење под вода -новонајавената игра Sword of the Sea е комбинација од двете игри и нуди многу повеќе визуелни воодушевувања како околини низ кои прелетувате возејќи како скејтер на скирол на голем меч што функционира како ховерборд. Ова е трејлерот за најавата на играта:
Toa што е најинтересно во играта е што има нивоа низ кои травестирате кои самите се фантазиски комбинации од флуидни менувачки околини со доста вложен труд на естетитка и новитети за да се создаде чувство на сонување или мечтаење додека се внесувате во играта каде несопирливо одите напред да откриете следни убави или помрачни пејсажи.
Секако во подконтекст пораката е еколошка, затоа што според трејлерот има сцени каде ја ревитализирате околината со самиот Меч на Морето. Се работи за меч со магиска моќ исцртан и изрезбан со мистична магична азбука што потсетува на руни – моќ да ревитализира и разубави сѐ околу себе.
Самото тоа што се работи за меч што првично е оружје од антички времиња – е симболика за тоа дека човештвото имајќи толку деструктивна моќ преку науката, наместо да прави оружја може науката да ја употреби за ревитализирање на планетата Земја на која сите живееме.
И пораката за анти-насилство, бидејќи нема борби во играта – сама по себе инспирира пацифизам и анти-воено размислување како добар чекор напред за човештвото. Лекција што е особено важна за помладите.
Исто така самата игра има движења што потсетуваат на постарите игри со Сноуборди, Тони Хок игрите со скејтборди и кул движења со вртења, салта, пируети и превртувања додека го контролирате Мечот на Морето како ховерборд од филмовите „Враќање во Иднината“.
Медиумот IGN направи доста детално објаснување на играта и нејзините карактеристики во следното подолго видео нарекувајќи ја играта суреалистичка односно надреалистична, каде детално се објаснети сите специфичности на Sword of The Sea.
Играта е најавена да излезе на 19 август годинава и се очекува да наиде на добра рецепција од гејмерите ширум светот, не само поради позитивните пораки за мир и истражување и еколошка употреба на технологијата, туку и затоа што изгледа како воодушевувачко уметничко дело од видеоигра. Играта уште сега може да ја додадате на Whishlist-та на Steam. За други игри без насилство за кои имаме известувано може да прочитате повеќе на следниот линк.