Игра со периодичниот систем за полесно учење на елементите

Karyn Tripp, мајка на четири деца која ги подучува дома место да ги прати на училиште, направила верзија од класичната друштвена игра Battleship со периодичниот систем, за полесно паметење на хемиските елементи.

Играчите треба да заокружуваат редови од два, три, четири и пет елементи за да ги забележат своите бродови. Потоа ги следат координатите. Победник е тој што прв ќе ги најде сите елементи.

„Оваа игра можат да ја играат дури и деца кои не знаат ништо за периодичниот систем“, вели Tripp. „Мојата 8-годишна ќерка сѐ уште не учи хемија, но навистина ужива во играта“.

Tripp го води блогот Teach Beside Me, фокусиран на образованието на деца и млади. Била учителка, а сега работи само со своите деца, кои одлучила да не ги праќа на училиште бидејќи се плашела дека училишниот систем ќе ја уништи љубопитноста и задоволството од учење нови нешта кај нејзините деца.

Извор: Bored Panda