„Игра на тронови“ и „Прекрасната г-ѓа Мајсел“ добија најмногу „Еми“ награди

Во театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес синоќа се одржа 70-тата церемонија за доделување на наградите „Еми“, каде „Игра на тронови“ на Ејч-Би-О (HBO) беше прогласена за најдобра драмска серија.

Ова е третпат како на „Игра на тронови“ и е врачена наградата во оваа категорија, во конкуренција од вкупно 22 новинации, меѓу кои и  „Приказната на слугинката”, „Американци”, „Круна”,  „Почудни нешта”, „Западен свет” и „Тоа сме ние”.

„Прекрасната г-ѓа Мајсел“ на Амазон – приказна за еврејска сопруга, изневерена и оставена од сопругот, кој започнува нов живот и предизвикува скандал, ја однесе наградата во категоријата за најдобар комичен серијал.

Таа ги победи во трката комичните серии: „Атланта”, „Бери” „Блекиш” (Black-ish“), „Силиконската долина”, „Нескршливата Кими Шмит”.

Во категоријата за најдобар минисеријал победи продукцијата на каналот Еф Екс „Убиството на Џани Версаче”. Британската актерка Клер Фој ја доби наградата Еми за најдобра актерка во драмска серија за улогата на младата кралица Елизабета Втора во серијата „Круна”.

Британскиот актер Метју Рис беше награден со „Еми” за најдобар актер во драмската серија „Американци“.

Тенди Њутн за зема наградата за актерка во споредна улога во драмската серија „Западен свет“, а ваквото машко признание отиде кај Питер Динклиџ за ликот на Тирион Ланистер во „Игра на тронови“.

Најдобри актер и актерка во комедија се Бил Хадер за „Бери“, односно Рејчел Броснан за „Прекрасната г-ѓа Мајсел“. Хенри Винклер му беше врачено признание за споредна машка улога во комичниот серијал „Бери“, додека во истата категорија „Еми“ зема и Алекс Борнштајн заПрекрасната г-ѓа Мајсел“.

За мини-серијата за најдобар актер е прогласен Дарен Крис за „Убиството на Џани Версаче“, а актерка – Реџина Кинг за „Седум секунди“. За споредните улоги беа наградени Џеф Даниелс и Мерит Вивер за мини-серијата „Заборавени од богот“.

За режија за драмска серија беше одликуван Стивен Долдри за „Крума“, а за комичен серијал Ејми Шерман-Паладино за „Прекрасната г-ѓа Мајсел“.