Игор од Time.mk предлага студиска програма според онлајн курсеви

Можеби некогаш за добивање на врвно знаење и вештини било неопходно да аплицирате на некој универзитет, но сега благодарение на се поквалитетните онлајн курсеви од техничките факултети, можете да добиете навистино квалитетно образование и од дома, пишува It.com.mk.

igor

Основачот на Time.mk и професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство, Игор Трајковски, на блогот на Time.mk сподели листа на предавањa од Coursera.orgUdacity.com и Edx.org кои се наменети за сите кои се заинтересирани за информатика.

Сите курсеви кои се споделени се предаваат на престижни светски универзитети, и проценката на Игор, кој ги користи курсевите како материјал во своите предавања на ФИНКИ, е дека по нивното завршување, знаењето со кое ќе се здобијат студентите е еквивалентно со она кое се добива на најдобрите универзитети каде се изучува информатика, како MIT, Stanford, Princeton или Harvard.

„Слободата која ја овозможува онлајн студирањето (можност да ги слушате предавањата и решавате домашните и испитите во време кога вам ви одговара на било кое место каде што имате пристап до интернет) има и свои негативни елементи, затоа што сите одлуки за тоа кога и колку време да посветите на учењето се оставени на вас, со не толку строги крајни рокови“, вели тој.

Извор: It.com.mk