Иднината на филмот е на големиот екран, без разлика што мисли некој дилетант од Волстрит, вели режисерот Денис Виленев

„Силно верувам дека индината на филмот е на големиот екран, без разлика што мисли некој дилетант од Волстрит. Од почетоците на времето, на луѓето им се потребни длабоки друштвени искуства за раскажување приказни. Киното на големото платно е повеќе од бизнис, тоа е уметничка форма што ги зближува луѓето, го слави човештвото, ја зајакнува нашата емпатија еден кон друг – тоа е едно од последните уметнички, персонално колективни искуства што ги споделиваме како луѓе. Кога пандемијата ќе заврши, кината повторно ќе бидат исплнети со љубители на филмови. Ова е мое силно верување. Не затоа е потребно за филмската индустрија, туку затоа што на нас луѓето ни треба кино, како колективно искуство“.

Ова е пораката на Денис Виленев, режисерот и сценарист на „Дина“ (Dune), како реакција на тензијата што се појави меѓу тимот на филмот и Ворнер Брос, откако студиото реши ова научно-фантастично остварување да има хибридно отворање – истовремено да се отвори во кината, но и да биде достапно преку HBO Max во текот на 31 ден.

Виленев, кој е режисер и на остварувања како „Polytechnique“, „Incendies“, „Prisoners“, „Enemy“, „Sicario“, „Arrival“, вели дека нивниот филм е правен за да се гледа во кино салите. Истовремено, посочува дека иако зборува во свое име, се солидаризира со 16 други филмаџии што се соочуваат со истата судбина.

Тој на филмските работници им порачува дека е со нив и дека заедно се силни. Смета дека уметниците се оние што создаваат филмови и серии, па, оттука, повеќе глумци и филмаџии веќе се приклучија во ваквата реакција и го пренесоа неговиот став, за да се отвори дискусија за иднината на кино културата.

„Значи, исто како што имам доверлива и креативна одговорност како филмаџија, го повикувам AT&T да дејствува брзо со истата одговорност, почит и внимание за да го заштити овој витален културен медиум“, пишува Виленев, додавајќи дека во затемнетите кино сали – филмовите ја доловуваат нашата историја, не’ едуцираат, ја разгоруваат нашата имагинација и го креваат и инспирираат нашиот колективен дух.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josh Brolin (@joshbrolin)