ИД уништи дел од римскиот амфитеатар во Палмира

Исламска држава уништи делови од римскиот амфитеатар во историскиот град Палмира, соопшти сириската државна новинска агенција.

Милитантите ја уништиле фасадата на овој амфитеатар од вториот век, заедно со тетрапилонот, антички римски споменик со квадратна форма.

Сириските опозициски набљудувачи потврдија дека се уништени делови на амфитеатарот и тетрапилонот.

Екстремистите во декември го зазедоа античкиот град од владините трупи, девет месеци откако ИСИС беше протерана во офанзива помогната од Русија. Тогаш, Исламската држава уништи антички храмови и други реликти.