Ice Cube: Dr Dre ќе објави нов албум по 16 години

Музиката за престојниот филм „Straight Outta Compton“ кој ја раскажува приказната за рап составот NWA, ќе биде од новиот албум на раперот Dr Dre, соопшти неговиот долгогодишен соработник Ice Cube за време на една радио емисија.

„Dre ќе објави албум инспириран од филмот. Тој ќе објави нешто на први август“, најави Ice Cube.

Првиот студиски албум на Dre беше објавен во 1999 година насловен „2001“. Оттогаш, овој рапер нема објавено нов материјал, иако пред неколку години, најавуваниот целосно снимен албум „Detox“ не излезе во продажба.

Според објавата на списанието Rolling Stone, во албумот ќе учествуваат Kendrick Lamar и Eminem, а ќе има и нови песни на групата NWA.

Американската рап група првично беше составена од Arabian Prince, DJ Yella, Dr. Dre, Eazy-E, и Ice Cube. MC Ren се приклучи во 1988 година, на местото на Arabian Prince. Ice Cube ја напушти групата во декември 1989 година поради кавга, а веќе во деведесетите сите членови почнаа свои соло кариери.

Филмот кој се очекува да излезе наскоро е именуван според првиот албум на групата.