Ibtihaj Muhammad е првата Американка што ќе се натпреварува на Олимпијадата носејќи хиџаб

Минатата сабота, Ibtihaj Muhammad освои бронзен медал на Светскиот куп во мечување и со тоа успеа да се квалификува за настап на Олимписките игри во Рио годинава. Таа ќе биде првата американска спортистка што ќе настапи на Олимпијада носејќи хиџаб.

„Кога повеќето луѓе си замислуваат олимписки мечувалец, веројатно не замислуваат некој како мене. За среќа, јас не сум како сите останати. Отсекогаш верував дека со напорна работа, посветеност и трпеливост, еден ден ќе излезам со мојот тим од САД на Олимпијадата“, објаснува 30-годишната Muhammad.

„Сакам да се натпреварувам на Олимписките игри за САД, за да докажам дека ништо не треба да ги обесхрабри луѓето од стигнувањето до нивните цели – ниту расата, ниту религијата или полот“, вели таа.

Muhammad е родена во Њу Џерси и се мечува од 13-годишна возраст. Со поддршка на нејзината мајка, таа почнала активно да тренира, а била член и на мечувачкиот тим на универзитетот Дјук, каде студирала.

„Откако завршив факултет, увидов дека нема доволно малцинства во спортот. Препознав дека имам некои способности, па почнав да тренирам активно и постојано. Мислам дека на репрезантацијата и требаше ова. Имаше некои бариери во женското мечување што требаше да бидат пробиени“, вели Muhammad.