И за попладнево е најавен протест пред градилиштето кај Мајчин Дом

Протестните граѓански собири против градилиштето кај Мајчин дом, во Општина Аеродром ќе продолжат и денеска во 17 часот.

Собирите имаат за цел да испратат силна пораката до локалната, но и до централната власт дека веднаш мора да се престане со сите градежни активности покрај Мајчин Дом, како и дека граѓаните треба веднаш да бидат вклучени во носењето одлуки.

Се бара:

-Итно стопирање на градежните активности.
-Итно дислоцирање на градежната механизација
-Итно вклучување на граѓаните во носењето одлуки за актуелниот ДУП (Детален урбанистички план).

„Имаме право да одлучуваме за својата општина и својот град! Креирањето политики, со целосна глувост кон граѓанскиот глас – не води кон “граѓанско општество на кое сите ќе се гордееме.

Овие настани претставува спонтани граѓански собири, испровоцирани од поставувањето на градежната механизација и претварањето на тревникот во градилиште. Собирот е чист граѓански активизам, надпартиски, нема водач, нема единствен организатор – туку е поддржан од целата фејсбук Група “Стоп за смрдеата во Аеродром и Лисиче – Воздух Сега!” , стои во најавата за протестот.

Ова е втор протест неделава, по вчерашниот на кој се собраа повеќе стотици жители од населбата и од околните општини чии жители се револтирани од урбаната мафија и бетонот кој ги изеде парковите. Илјадници граѓани во минатото се спротивставуваа на изградбата на згради на зелените површини, но иако изгласаа и нова локална власт која предизборно ветуваше стопирање на градбите,  сега се повторно излажани.

*Што се случуваше на вчерашниот протест

Блокада на булеварот и обид за уривање на тарабите во одбрана на преостанатото зеленило во Аеродром