Македонскиот гитарист Влатко Стефановски синоќа од Античкиот театар во Охрид упати порака да се зачува природното и културно наследство на охридскиот регион, чиј УНЕСКО статус на заштитено подрачје е загрозен.
Заедничкиот концерт со гитаристот Мирослав Тадиќ по повод 59. роденден на фестивалот „Охридско лето“, го заврши со зборовите:
„Се работи за заштита на непроценливото богатство на Охридското Езеро и градот Охрид. Се приклучувам кон сите апели и добра волја за да имаме и Охридско лето, да го имаме Охридското Езеро и да го имаме и Охрид“, рече тој.
Влатко Стефановски го заврши својот концерт во Охрид со порака да се заштити природното и културното наследство на Охридскиот регион pic.twitter.com/Urwqozi7U8
— Радио МОФ (@RadioMOF) August 4, 2019
Античкиот театар синоќа беше испoлнeт до последното место.
View this post on Instagram
Концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ за 59. роденден на @festivalohridsummer 📽@lilkobrt