И утрово алармантно загадување на воздухот во Скопје и Тетово

Магла во Скопје,  опасен смог во Тетово, подобрување на состојбата во Кичево и Битола.  Вака утрово изгледаше состојбата со загадувањето на воздухот во Македонија, барем во оние реони каде што има мерни станици на Министерството за животна средина.

И утово алармантно загадување на воздухот во Скопје и Тетово

Најголемо загадување последново деноноќие е измерено во центарот на Скопје, каде што концентрацијата на честичките РМ10 изнесува 642,8  микрограми на метар кубен, наспроти дозволеното максимално ниво од 50 микрограми на метар кубен. Високо ниво има и во Карпош (538.7µg/m3), Лисиче(428,6µg/m3) и кај Ректоратот (455µg/m3). Речиси десеткратно зголемување на концентрацијата на овие честички се уште има и во Тетово. Воздухот во овие региони е загаден веќе половина месец.

Загадување

Надлежните минатата седмица излегоа со пакет мерки. Сепак, тие главно се сведуваат на препораки  до граѓаните да не излегуваат на отворено, да не возат автомобили или пак да не се греат на дрва. Од работа беа ослободени бремените жени и лицата над 60 години. Со нови мерки против загадувањето, надлежните најавуваат дека ќе излезат во текот на утрешниот ден.