И Тетово „На точак“ – „Критична маса“ на 13 април

Граѓанската иницијатива „На точак“, по повеќе од десет акции со наслов „Критична маса“ во Скопје, овој месец за првпат се организира и во Тетово.

Според најавата на настанот, поканети се сите, да дојдат и да свртат круг околу градот и да покажат дека на Тетово му требаат велосипедски патеки, велосипедски паркинзи и поголема свест на другите учесници во сообраќајот.

„Да покажеме дека не има, дека велосипедот е дел од сообраќајот, дека со него се стига побргу до кое било место во градот отколку со автомобил. Се што треба да понесете е вашиот велосипед и насмевка“, се вели во најавата на настанот.

Собирно место е тетовскиот плоштад, во Сабота на 13 април во 14 часот, 

#ТетовоНаТочак e иницијатива на млади ентузијасти и граѓански активисти кои што настојуваат да направат промена во својот град.