И странски студенти ќе добиваат македонска стипендија

Македонската Влада ќе доделува стипендии за странските студенти кои сакаат своето образование да го продолжат во земјава. Стипендиите се наменети за студенти кои ќе аплицират на универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, за академската 2012/2013 година.

И странските студенти ќе добиваат македонска стипендија

Притоа тие треба одлично да го зборуваат англискиот јазик, да не бидат постари од 22 години и да имаат желба за усовршување на знаењата на некоја од техничките или информатички наставни програми.

Во огласот уште стои и дека со стипендијата ќе бидат покриени сите трошоци на странските студенти, а тие ќе добиваат и месечен надомест од 5 илјади денари.

Краен рок за аплицирање е 1 јуни 2013.