Стокхолм досега избегнуваше да воведе денови без автомобили, како 200 градови низ Европа кои ги затвораат улиците за возила во текот на Европската недела за мобилност, годишна кампања поддржана од Европската комисија која промовира одржлив транспорт.
Но оваа година шведскиот главен град ќе им се придружи на најмалку пет градови кои ќе учесtвуваат во проектот. Piteå и Lycksele во севеrна Шведска, Täby во централна и Älmhult и Varberg на југот, се обврзаа на воведување ден без автомобили наесен, како и организирање зелени иницијативи во текот на еднонеделната кампања.
Сите улици ќе бидат затворени во стариот дел на Стокхолм, кој е веќе делумно е пешачка зона, но за автомобили ќе бидат затворени и повеќе улици со продавници, централната станица како и неколку од најголемите градски мостови.
Стокхолм веќе е познат по заложбите за почист воздух и малку возила на улиците за разлика од другите европски радови, за што го доби признанието European Green Capital во 2010 година од Европската комисија. Градот има одличен јавен транспорт кој вклучува метро во до доцните часови и 24-часовен автобуски превоз.
Сепак, шефот на стокхолмскиот оддел за сообраќај, политичар од локалната Зелена партија Daniel Helldén за за шведските медиуми изјавил дека е потребен нов пристап кој ќе осигура дека градот ќе продолжи да ги исполнува стандардите за воздухот, ќе ја ограничи емисијата на јаглерод и ќе ја подобри пристапноста во време на брзата експанзија и миграција во шведскиот главен град.
„Како што се шири градот, ние треба да размислуваме во насока да ја подобриме пристапноста и достигнеме климатските цели. Имаме ново раководство во Стокхолм и го приоретизираме пешачењето, велосипедизмот и јавниот транспорт“, вели тој.
Helldén вели дека освен денот без автомобили во Стокхолм, градот ќе биде домаќин на настани во текот на целата недела за мобилност кои ќе бидат поврзани со одржливиот транспорт.