И Скопје дел од „Pecha Kucha“ – најголемиот светски онлајн стриминг настан

И Скопје дел од Pecha kucha - најголемиот светски онлајн стриминг настанPecha Kucha“ ноќта на 20 септември ке биде најголемиот светски 24-часовен онлајн стриминг настан. „Ова значи  – ние ќе може да гледаме презентации од целиот свет и тие ќе не гледаат нас“, вели Ана Бораниева, еден од организаторите на непрофитабилниот настан „Pecha Kucha“ кој по вторпат ќе се одржи во Скопје.

За Радио МОФ, Бораниева раскажува за концептот од кратки презентации,  како може да се стане презентер, но и за тоа како Скопје се најде во друштво на 100 други градови.

Што претставува концептот Pecha Kucha и како Скопје се најде на мапата на вакви настани?

Pecha Kucha ноќите, се неформални средби и дружења на креативни луѓе кои сакаат да ја споделат својата работа, проекти, мисли, концепти, идеи, искуства, спакувани во PechaKucha 20×20 формат.  Во суштина Pecha Kucha е интердисциплинарен настан, каде архитектурата, графичкиот дизајн, модата, музиката, фотографијата, инустрискиот дизајн, филмот, социологијата, антропологијата, медицината, хемијата итн, наоѓаат простор за [интер]акција, и функционира како платформа за вмрежување на кретивни луѓе на локално и светско ниво.

Скопје,(по моја и иницијатива на Палома Данс ) од мај оваа година, стана дел од Pecha Kucha мрежата. По 3 неделни online преговори, со основачите на Pecha Kucha во Токио (Astrid Klein and Mark Dytham  од Klein Dytham architecture), добивме позитивен одговор и Скопје стана дел од оваа заедницата заедно со уште 700 други градови.

Официјален организатор е тимот на ToDoLAB (Ана, Палома, Маги, Бојана, Дејан и Рики) заедно со мрежа млади волонтери, кои го делат нашиот ентузијазам и енергија во организирање на вакви непрофитабилни настани.

„Бидејќи архитектите зборуваат многу“- затоа времето на презентација е ограничено на 20 секунди. Ова е едно од објаснувањата за концептот?

Да, токму затоа( се смее),  20 слајдови по 20 секунди ( или уметноста на концизната презентација) е формула на архитектите Astrid Klein и Mark Dytham.  Го користат во своето студио од 2003 година, како клуч за кратки и брзи презентации.  Форматот многу брзо излегува вон границите на студиото Klein Dytham architecture, и веќе 10 години се покажува како соодветен за презентации во многу други дисциплини.

6 минути и 40 секунди (20Х20), е формат  за концизни и брзи презентации, ја одржува динамиката на настанот и  вниманието на публиката.  Слајдовите се вртат автоматски, на секои 20 секунди, предизвикот на секој презентер е да ја објасни суштината на својот проект во тој интервал, а публиката искусува најразлични идеи во истиот тој краток временски период.

Ова е втор ваков настан во Скопје, како го направивте изборот на учесници?

Да, ова е втор настан и се случува по повод 10 годишнината од првата Pecha Kucha ноќ во Токио. Настанот ке биде глобален, односно ќе се случува во ист ден во преку 100 градови. Pecha Kucha ноќта на 20 ти септември ке биде најголемиот светски 24 часовен online streaming  настан. Значи ние ке може да гледаме презентации од целиот свет и тие да не гледаат нас.

Презентер на Pecha Kucha може да биде секој. Од било која област, возраст, афирмиран или непознат на јавноста, се додека  успее својата презентација да ја спакува во 6минути и 40секунди.  Идејата е да се чујат многу интересни приказни, лични, смешни, приказни за проекти, патувања, колекции и слично. Тоа ја прави Pecha Kucha ноќта интересна и различна од другите вакви настани.

Секој што мисли дека влегува во овој профил, слободно може да не контактира на официјалната страна на Pecha Kucha Скопје , на pechakucha.skp@gmail.com или на нашиот ФБ-профил.

Има ли Скопје публика за вакви настани?

Секако дека има. На првиот настан, не очекувавме ни половина од публиката што беше присутна. Подеднакво е важно, што Скопје има многу потенцијални презентери. Се надевам дека во иднина ке бидат похрабри и ке се пријавуваат во поголем број.

Какви се вашите понатамошни планови во однос на овој проект, како тој ќе се развива во иднина?

ToDoLAB ке организира 4 вакви настани годишно. Идејата е да направиме платформа, за дискусија, инспирација, контакти, соработки и да дадеме простор за презентација на што е можно повеќе млади креативни луѓе.  Презентациите на учесниците се праќаат во Токио, и од таму се пристапни на целата  Pecha Kucha заедница на организатори, презентери и публика.  Се надевам дека наскоро ке имаме гости учесници  и од други земји, а и дека нашите учесници ке можат да бидат дел од настаните во некои други градови  од Pecha Kucha мапата.