„И публиката има глас“, еднодневна работилница за општествени промени преку форум театар

Центар за младински активизам ЦМА КРИК денеска од 16 до 20 часот ќе одржи еднодневна работилница „И публиката има глас“ на тема општествени промени преку форум театарот.

Учесниците од програмата Александар Ацевски, Кирил Зарински, Виолета Ристеска, Вирџинија Ристеска, Џингис Мемедоски, Александар Матовски и Флоренце Гарет ќе ви ги пренесат нивните знаења на темата форум театар кои ги стекнаа во тромесечната програмата на режисерката Драгана Гунин.

Работилницата е отворена за сите млади од 15 до 30 години кои сакаат низ еднодневна дружба да стекнат знаење за форум театрот, а ќе се одржуава во просториите на канцелариите на ЦМА КРИК кои се наоѓаат во Шот бар – Безистен.

За учество потребна е регистрација со испраќање на контакт информации на infokrikcenter@gmail.com со наслов за „И ПУБЛИКАТА ИМА ГЛАС“.