И професорскиот пленум ги поддржува средношколците

Професорскиот пленум изразува недвосмислена и потполна поддршка на Средношколскиот пленум во неговата битка за проширување на академските слободи на сите нивоа на образованието во Република Македонија., стои во соопштението на Професорскиот пленум.

„Во оваа смисла, битката на Средношколскиот пленум против етатистичката и бирократска контрола врз организирањето и спроведувањето на образованието во Република Македонија ја разбираме како природно надоврзување на процесите кои настанаа со појавата на Студентскиот пленум, а набрзо потоа, и Професорскиот пленум“.

Професорскиот пленум го поддржува претстојниот Марш на средношколците и повикува на што помасовно присуство на сите граѓани, затоа што слободното образование ги засега сите, затоа што слободното образование значи демократско општество.

Се гледаме во четврток во 12:00 пред Фонтана!

Поздрав пленумци!“, стои во соопштението на Професорскиот пленум.

Претходно Средношколскиот пленум доби поддршка од сите останати пленуми во образованието, како и од Новинарскиот пленум.

„Новинарскиот пленум го поддржува Средношколскиот пленум во борбата за подобро образование. Наместо површни експерименти, потребни се темелни и вистински реформи на образованието во целост. Ве поддржуваме, следиме, известуваме!“, информираа од овој пленум.