И ова лето нема гледање филмови под отворено небо во Скопје

Летното кино во рамките на Луна паркот во Скопје летово ќе остане затворено, објави Вест. Киното не работи трета година по ред поради очајната состојба во која се наоѓа, а Град Скопје нема намера да го реновираат додека не се изгради новиот лунапарк.

Фото: Вест

Фото: Вест

„Летното кино е дел од проектот за изградба на нов лунапарк. Идниот инвеститор, покрај забавните реквизити, ќе има обврска да го реновира и летното кино”, велат од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски.

Идејата за изградбата на нов Луна парк, пак, никако да се реализира бидејќи Град Скопје не може да најде фирма која ќе го гради и ќе стопанисува со новиот парк. Мината недела, по третпат пропадна огласот за избор на концесионер, бидејќи повторно немаше ниту една заинтересирана фирма, пишува Вест.