Најголемата провинија на Канада ќе експериментира со давање на сиромашните основни примања без обврска да ги вратат.
Тригодишното истражување ќе има за цел да дозна дали основното примање е подобро од моменталните програми за социјална помош.
Учесници селектирани по случаен избор кои живеат во три заедници во Онтарио ќе добијат најмалку 16.989 канадски долари годишно.
Премиерката на Онтарио, Кенлин Вини, вели дека е време „да се биде храбар во дознавањето на тоа како да им помогнеме на најранливите членови на општеството“.
„Ова не е време да се повлечеме, не е време за владата да се држи до статус квото“, изјави таа кога ја најави пилот-програмата во понеделникот.
Онтарио не е првата држава која ќе ја испроба оваа политика. Финска неодамна започна свој вид на програмата во јануари, а шкотската влада изрази интерес. Идејата е популарна и меѓу прогресивците и либералците, бидејќи има потенцијал да ја намали сиромаштијата и да придонесе да се намали сивата економија.