„И ние имаме право на достоинствен живот“ – хуманитарна изложба за Ромите во Тетово

Граѓанската иницијатива „И ние имаме право на достоинствен живот“ организира хуманитарен настан посветен на жителите на дивата ромска населба во Тетово.

Изложбата ќе се одржи на 11 декември (вторник), во просториите на Галеријата за визуелна уметност, со почеток во 17 часот.

Средствата од продадените уметнички дела ќе бидат наменети како донација за активности кои ќе бидат реализирани во оваа населба.

Иницијативата доби поддршка од невладини организации, Секторот за јавни дејности на општината и професионални уметници.