И Македонија со „Лице в лице“ ја одбележува Меѓународната недела на продавачи на уличен печат

И Македонија се вклучува во одбележувањето на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат, глобален настан кој го  слави претприемачкиот дух и треба да го крене гласот на ранливите групи во борбата против сиромаштијата.

И Македонија со „Лице в лице“ ја одбележува Меѓународната недела на продавачи на уличен печат
Одбележувањето започнува на трети февруари и ќе трае до крајот на неделата (седми февруари) а во фокусот ја става борбата на луѓето на маргините преку работа во улично списание или весник и преку развој на своите вештини да ѝ застанат на патот на бедата, но и да го свртат вниманието на јавноста кон социјалните проблеми. Во Македонија единствено вакво списание е „Лице в лице“ кое заедно со уличните списанија и весници ширум светот овозможуваат нови работни места и помагаат на маргинализираните да станат активни граѓани.

Со почетокот на економската криза, рапидно се зголеми и бројката на бездомници и лица што живеат на работ на егзистенцијата и таа во Европа стигна до 26 милиони. Мисијата на уличните списанија и весници е да ја намали оваа бројка и нивната широка распространетост низ Европа, а и низ светот, овозможува не само приход за маргинализираните поединци вклучени во продажбата на весниците и списанијата, туку има силна улога и во враќањето на самодовербата на социјално исклучените луѓе, подигнување на свеста кај граѓаните и кај компаниите.

И Македонија со „Лице в лице“ ја одбележува Меѓународната недела на продавачи на уличен печатПрограмите на уличниот печат се фокусираат на работата како клучен елемент во социјалната инклузија и нивната девиза е дека сите актери во општеството (Влада, компании, социјални бизниси, невладини организации, граѓаните) треба да работат заедно за да создадат околина во која исклучените луѓе ќе можат да го искористат својот потенцијал и да се здбијат со можноста да заработуваат, да почувствуваат припадност и да станат независни.

„Лице в лице“ носи приход за околу 40 продавачи- бездомни лица, социјално загрозени граѓани, младинци од улица и лица со пречки во развојот кои го нудат списанието на повеќе локации во Скопје, Неготино, Струга и во Битола.

Деветтиот број на активистичкото улично списание ќе излезе токму во рамки на Неделата, на 7-ми февруари, за кога „Лице в лице“ организира мултимедијален настан* на кој ќе учествуваат повеќе македонски уметници.Преку фотографи, книжевност, музика и перформанс на тема „Улица“, публиката ќе биде повикана да ги сподели своите видувања и асоцијации од секојдневието низ улиците.

Неделата на продавачи се одбележува втор пат, а исто како и лани, се случува во првата недела од февруари.

И Македонија со „Лице в лице“ ја одбележува Меѓународната недела на продавачи на уличен печатСпоред податоците на Меѓународната мрежа на уличен печат (ИНСП) со седиште во Глазгов, вкупната бројка на продавачи на кои им помогнало глобалното движење на уличниот печат низ годините е над 250 000. Минатата година, во рамки на Меѓународната недела, продадените примероци достигнаа читателска публика од 700 000 луѓе ширум светот, а над 200 000 беа вклучени во коментари, споделувања и интеракции на социјалните мрежи. Настанот доби публика од 2,8 милиони луѓе.

Членки на ИНСП се 122 улични изданија од светот, кои се издаваат во 42 различни земји, во над 600 градови. Во еден момент на улиците низ светот се околу 14 000 продавачи, а вкупната зарботувачка која ја направиле тие продавајќи ги уличните изданија низ светот е 26 милиони фунти на годишно ниво.